fbpx

Во БиХ се бараат рудари од Македонија за плата од 900 евра

-

Рајко Дукиќ, претседателот на компанијата „Боксит“ од Милиќи во Република Српска преку амбасадите на Северна Македонија и Кина упатил допис со кој известува дека итно се потребни за 30 рудари за потребите на компанијата, која освен со ископ на боксит, се занимава и со друго производство и со трговија. Тој вели дека условите се одлични, пишува босански „Капитал“.

„За осумчасовно работно време, платата е 900 евра, прекувремената работа се плаќа посебно. Сместувањето и исхраната се бесплатни. Со вработените се склучува договор на повеќе години. Даноците и придонесите би се плаќале според законските прописи. Би ви биле благодарни ако се вклучите да ни помогнете. Доколку ангажираме работници, ние би ги регулирале работните односи, како и прашањата сврзани со годишните одмори и повремените заминувања дома“, пишува во писмото од „Боксит“ до амбасадите.

Дукиќ е незадоволен од политиката на Република Српска кон образованието на стручни кадри и на отсуство на стратегија. Незадоволен што во општината не се запишани средношколци во струки потребни на компанијата, тој најави дека ќе ја укине поддршката за образованието.

Тој вели дека најголемиот број од кадрите што се школуваат не е за реалниот сектор, туку „за Заводот за вработување или како извозна евтина работна сила за развиениот свет“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...