fbpx

„ЕЛЕМ Турс“: Жичарницата со шест седишта на Попова Шапка ќе биде готова на почетокот на јули

-

Жичарницата со шест седишта на Попова Шапка се очекува да се пушти во функција во првата недела од јули, откако ќе ја помине на фазата на тестирање што ја спроведува градежната компанија „Леитнер“, пишува „Порталб.мк“.

Оваа година навршуваат пет години, од кога почна ветувањето за изградба на новата жичарница со шест седишта на Попова Шапка, и по се изгледа по пет години чекање ќе стане реалност.

„Изведувачот на проектот, компанијата „Леитнер“, е во фаза на тестирање со Надзорниот одбор и кога жичарницата ќе биде подготвена, ќе нè известат. Се тестираат сите можни опции и верувам дека во првата недела од јули се ќе биде подготвено”, рече Џемаил Јусуфи, директор на „ЕЛЕМ Турс“.

Во текот на последните пет години имаше многу проблеми во реализацијата на овој проект. Иако крајниот рок за завршување на договорот, кога беше потпишан во 2014 година беше 12 месеци, но до денес тој остана недовршен.

Инаку уште од 2012 година па до денес се дискутира за бројните, но сепак исти проблеми со кои се соочува Попова Шапка, но до денес ништо не е преземено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...