Возрасен маж се прошета во Тафталиџе и си се „почести“ со две кутии за бездомни мачки

-

Активистите од „Енџелкетс санктуари“ (Angelcats Sanctuary) денеска споделија информација дека во скопската населба Тафталиџе граѓанин без да праша си зел две пластични изолирани кутии кои биле поставени пред трговски локал за да може бездомните мачки од оваа населба да имаат суво засолниште.

„На снимката од видео надзор поставена во локалот се гледа дека возрасен човек поминува, ги разгледува кутиите и си заминува. По извесно време истиот човек се враќа и без да праша никого ги товари кутиите на неговиот велосипед, иако бидејќи се големи му паѓаат, па пак ги става на велосипедот и си оди“, изјави за Мета.мк активистката Маја Поповска која повеќе од една деценија ги спасува мачките од суровиот живот низ скопските улици.

Таа нагласи дека во оваа населба има повеќе од 20 мачки, за кои тие како здружение, собирајќи донации, обезбедиле да се стерилизираат и да се заштитат од паразити, да ги хранат, а со мал грант од Цивика Мобилитас и помош од ентузијастите, минатата зима изработија 60 куќички за бездомни мачки.

Овие топли засолништа за мачките тие ги поделија на активистите и означени се со налепници дека се за бездомни мачки. Поповска вели дека земајќи ја предвид малата вредност на кутиите не верува дека би имало резултат ако за инцидентот пријават во полиција, но додава дека во Македонија луѓето кои не се активисти всушност не се свесни колку труд и финансии се потребни за да се обезбеди помош за уличните животни, вклучувајќи ги и мачките.

Според неа, мнозинството од нашите сограѓани воопшто не се заинтересирани за помош на беспомошните животни, а уште помалку за вдомување на бездомните мачки кои често се и со телесен хендикеп.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...