fbpx

Економскиот институт – Скопје одбележува 70 години од своето постоење

-

Економскиот институт – Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одбележува 70 години од своето постоење. По тој повод, на 18.05.2022 година, Институтот организира пригодна свеченост. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, ќе се обрати и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири.  

Како што соопштија од Институтот, во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј со Даталаб МК, фирма за поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација, ќе потпишат ЕДУ партнерски договор.

Станува збор за компанија која соработува со повеќе образовни институции во регионот, овозможувајќи им пристап до модерни алатки за оперативно функционирање.   

Планирано е соработката на Економскиот институт со Даталаб, базирана на доделување лиценци од деловниот софтвер Pantheon ERP, да резултира со формирање на Лабораторија за дигитална трансформација. 

„Даталаб и Економскиот институт, покрај тоа што ќе соработуваат во едукативни цели, ќе понудат на пазарот и комерцијални пакет услуги за деловните субјекти во земјата, користејќи ги максимално ресурсите кои им се на располагање“, нагласија од Економскиот институт. 

Како дел од свеченоста по повод 70 години од постоењето на институтот, Економскиот институт ќе додели и благодарници за факултети и научни институции од земјата и од странство, меѓу кои и на: Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Благодарници ќе им бидат доделени и на приватни компании и институции со кои Економскиот институт – Скопје имал успешна и долгогодишна соработка. Исто така, пофалници ќе им бидат доделени на студентите кои во периодот 2017-2020 година магистрирале со висок просек и забележителен успех на студиските програми од втор циклус на Економскиот институт.  

Настанот ќе се одржи на 18.05.2022 година (среда) со почеток од 11 часот во просториите на M6 Едукативен центар Скопје, а заинтересираните ќе може и виртуелно да учествуваат на прославата преку следниот ZOOM линк.    

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...