Од 16 мај започнува „Култура под небото“ – манифестација за развој на физичкото и менталното здравје кај младите

Фото: Булфрос балет

Интернационалното балетско училиште Булфрогс Балет, годинава во периот од 16 мај до 15 јуни ја организира манифестацијата за деца и млади „Култура под небото“.

Станува збор за проект наменет за подобрување на физичкиот и менталниот развој на децата и младите и поттикнување на едукација во културната сфера. Настанот ќе се одржува на отворената сцена на училиштето во Паркот на Франкофонијата.

Програмата опфаќа часови по класичен балет за деца и млади од 3 до 18 години, aerial stretching – техника за истегнување со помош на платно, како и ПБТ часови за мускулна меморија и превенција и корекција на деформитети во екстремитетите и грбот.

Во рамки на „Култура под небото“ ќе се одржат и театарски претстави, музички концерт, едукативни работилници за правилна селекција на електронскиот отпад и отпадните батерии како и промоција на детска книги и сликовници.