fbpx

Во вонредна состојба камионџиите ќе возат подолго и нема да се либерализира железничкиот транспорт

-

Владата донесе уредба за зголемување на времетраењето на управување со возила во патниот сообраќај за да се овозможи непречен проток на стоки во периодот на корона кризата. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес – конференција информираше дека дневното време на управување со возило се зголемува од 9 на 11 часа, додека на неделно ниво се зголемува од 56 на 60 часа. Вкупното времетраење на управувањето на возила се зголемува од 90 на 100 часа на кои било две последователни недели за времетраење на вонредната состојба.

– Возачите можат да возат пет и пол часа, а потоа возачот е должен да направи пауза од најмалку 45 минути. Претходно можеа да возат три и пол часа па да прават пауза – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Редовниот одмор за времетраење на вонредната состојба се намалува од 11 на 9 часа, појасни тој. Сите овие мерки што се донесени од владата се на барање на превозниците, кои би овозможиле побрз транспорт на стока во патниот сообраќај, намалување на гужвите на граничните премини и на локациите за одмор.

Во однос на железничкиот сообраќај, министерот Сугарески појасни дека либерализација во железничкиот сообраќај нема да се воведе во периодот на вонредната состојба. Влезот на приватни компании што би сообраќале на македонските пруги ќе се случи кога Македонија ќе стане земја-членка на Европската Унија, посочи министерот.

– Од тој аспект, Железници на РСМ – Транспорт стои на располагање со сите свои ресурси за секоја заинтересирана компанија, колку што може повеќе да го користи овој транспорт, меѓутоа не се размислува на либерализација – изјави Сугарески.

Министерот Сугарески информираше дека со неколку уредби со законска сила донесени од владата се одложува полагањето на испитите за возачи и за превоз на опасни материјали, додека сертификатите се продолжуваат за времетраење на вонредната состојба. Воедно, продолжени се роковите на траење на постојните лиценци за проектирање, ревизија, надзор и управување со градежни објекти од прва и втора категорија за времетраење на вонредната состојба и 60 дена по нејзиниот истек, а коишто се уредени со законите за градење и за урбанистичко планирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...