Народната банка регистрира пад на девизните резерви, кои и натаму се во „сигурната зона“

-

Состојбата на бруто девизните резерви на заклучно со крајот на февруари, годинава изнесува 3,08 милијарди евра, што во однос на крајот на 2019 година претставува намалување за 178,1 милион евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка објавени во мартовскиот извештај за макроекономските показатели.

Сепак, во извештајот се вели дека анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се наоѓаат во сигурната зона, односно дека ваквите остварувања кај
девизните резерви се во рамки на очекувањата.

„Главен фактор за ваквата промена се трансакциите за сметка на државата (отплата на долг во висина од 158,1 милион евра кон Дојче банка). Останатите текови имаа поумерено влијание врз промените кај девизните резерви во анализираниот период“, соопшти Народната банка.

Според податоците од новиот извештај за официјалните девизни резерви најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (81,1 отсто) по што следува монетарното злато (10,7 отсто) и валутите и депозитите (8,1 отсто).

Од Народната банка објаснуваат дека девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

„Девизна ликвидност е поширока дефиниција на девизните резерви, опфаќајќи ги од една страна, девизните средства расположливи веднаш на властите (монетарната власт и централната влада) за задоволување на побарувачката за девизи, а од друга страна, краткорочните девизни обврски и вонбилансните активности, преку планираните и потенцијалните нето-одливи на девизни средства врз оваа основа“, се вели во објаснувањето на Народна банка.

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку...