fbpx

Аналитичарите очекуваат силен удар од корона вирусот по македонскиот БДП

-

Економските аналитичари очекуваат дека поради негативните ефекти од кризата предизвикана од корона вирусот порастот на македонскиот бруто домашен производ значително ќе се намали во 2020 година, покажува Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2020 ‒ 2022 година спроведена во март од Народната банка.

„Тековно, анкетираните аналитичари очекуваат пораст од 1,2 отсто во 2020 година (надолна ревизија од 2 процетни поени) и пораст од 2,4 отсто во 2021 година (надолна ревизија од 1,1 проценти поени), додека во 2022 година се очекува умерено забрзување на стапката на пораст на 2,9 отсто“, велат од Народната банка.

Испитаниците ги поврзуваат ваквите очекувања со глобалната криза од вирусот ковид-19, неизвесната странска побарувачка и нејзиното влијание врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка, како и неизвесноста поврзана со парламентарните избори оваа година којашто би се одразила преку воздржаност на домашните инвеститори и пониска кредитна активност.

Од друга страна, аналитичарите очекуваат дека преземените монетарни и фискални мерки, приемот во НАТО, отпочнувањето на преговорите за пристап во ЕУ, како и продолжувањето со капиталните проекти во патната и железничката инфраструктура ќе имаат позитивно влијание врз порастот во наредниот период.

Во однос на инфлацијата, просечните очекувања за 2020 и 2021 година во основа се непроменети во однос на претходната анкета и упатуваат на просечна стапка од 1,6 отсто во 2020 година, односно 2 отсто за 2021 година, а инфлација од околу 2 отсто се очекува и во 2022 година.

„Испитаниците ги наведуваат неизвесноста и надолните ризици од кризата предизвикана од корона вирусот, падот на цената на нафтата на светските берзи и пониската домашна потрошувачка како фактори коишто би придонесле за намалување на стапката на инфлација. Од друга страна, своите очекувања за нагорни притисоци на инфлацијата ги поткрепуваат со шоковите предизвикани од страна на побарувачката и понудата, како и нарушените трговски канали“, велат од Народната банка.

Оттаму потенцираат дека анкетата е спорведена во периодот од 10 до 25 март 2020 година, односно очекувањата на испитаниците се формирани во период на пандемија на корона-вирусот, воведување вонредна состојба во државата, како и воспоставување монетарни и фискални мерки за борба против пандемијата и намалување на негативните ефекти врз домашната економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...