fbpx

Во среда промоција на реобјавените романи на македонската писателка Оливера Николова

-

На 30 март со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата македонска писателка Оливера Николова.

Во томовите составени од 12 книги е реобјавено целото творештво за возрасни на македонската романсиерка и драмска писателка. Секое дело е дополнето со нов поговор од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Томовите се во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“.

На промотивниот настан по повод реобјавување на романите на Николова ќе се најдат насловите „Куклите на Росица“, „Тесна врата“, „Куќичка“, „Тромбот“, „Адамовото ребро“, „Збогум Вано, Ванке…“, „Пешаци по црни полиња“, „Белиот чад“, како и „Вежби за Ибн Пајко“, „Песот со тажен поглед“, „Лева комора“, „Кадифената покривка“.

Модератор на промоцијата ќе биде Оливера Ќорвезироска, уредничка на едицијата, а свое обраќање ќе имаат и авторите на поговорите, односно почитуваните македонски писатели, Елизабета Баковска, Кица Колбе, Румена Бужаровска, Владимир Мартиновски, Калина Малеска, Јелена Лужина, Гоце Смилевски, Никола Гелевски, Катица Ќулакова, Давор Стојановски, Владимир Јанковски и оливера Ќорвезироска.

Оливера Николова е родена во Скопје во 1936 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Работела како драматург-уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје. Пишува за деца и за возрасни. Има објавено 10 романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот звук“ и многубројни театарски, телевизиски и радио-игри.

За својата работа има освоено повеќе награди меѓу кои Наградата на РТВ Скопје и Струшките вечери на поезијата, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, „Рациново признание“ за „Адамовото ребро“, роман на годината на „Утрински весник“ за „Куклите на Росица“, роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за „Песот со тажен поглед“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...