fbpx

Ковачевски: Ѓубривото е три до четири пати поскапо, сите цени на храната пораснаа

-

Премиерот Димитар Ковачевски за време на неговото обраќање на Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, што денес се одржува во соседна Бугарија се осврна и на поскапувањето и недостигот на вештачко ѓубриво велејќи дека војната во Украина предизвикана со руските напади ги создаде најголемите ценовни проблеми по втората светска војна.

„Проблемот е дефицитот со гасот и историско најниско ниво на резерви во Европа што не само што ја зголеми цената на гасот туку ја зголемува и цената на електричната енергија за 5 пати. Недостигот на гас исто така става притисок врз производството на амонијакот којшто е клучен за производството на ѓубриво и сега имаме недостиг од ѓубриво на светскиот пазар. И сега може да се купи за 300 или 400 пати повисока цена. Сите цени на храната пораснаа со највисок процент по Втората светска војна и сето тоа се случува затоа што двата најголеми производители на пченица, Украина пред сè и Русија сега се во војна. Некои од земјите во регионот имаат вишок на производство од пченица, други немаат вишок и купуваат од другите земји“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека солидарноста и високото ниво на одговорност кое го покажуваат сите земји во регионот е добра работа и токму затоа немаме недостиг на пченица во овој момент како еден од клучните прехранбени производи.

„Не само денес, ние сме сите во постојана комуникација. Со Кирил (Петков н.з.) се слушаме и за време на викендите. Исто и нашите министри се во постојана комуникација и координација затоа што мора да се осигуриме дека во оваа најголема криза со која се соочува Европа и светот по втората светска војна ние ќе обезбедиме храна и сите други производи за нашите граѓани затоа што ова е наша одговорност во овие кризни времиња“, рече премиерот.

Високите цени на вештачките ѓубрива најмногу влијаат на цените на храната

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...