fbpx

Во поплави во Индија загинаа 71 лице

-

Во поплави во Индија, предизвикани од обилни дождови, за една недела загинаа 71 лице, а војската помага за евакуација на загрозените жители.

Според пишувањата на медиумите, воените хеликоптери доставуваат храна и питка вода во областите кои се најтешко погодени од природната непогода, а дел од училиштатата на југот на Индија не работат.

Премиерката на државата Тамил Наду, Џајалита Џајарам, рекла дека владата работи деноноќно за да им помогне на загрозените и дека за отстранување на последиците од поплавите ќе бидат доделени 75 милиони долари помош.

Индиската метеоролошка служба предупреди дека и денеска ќе има обилни врнежи на дожд, со што се зголемува можноста за повторни поплави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...