fbpx

Во Непал, лекари оперираат на улица

-

Луѓето во Непал се на улица уште од саботата, стравуваат од нови потреси. Хуманитарната помош е при крај, а гладта и жедта земаат замав. Ова го раскажува хуманитарниот работник Сантош Шарма, кој учествува во помошта на загрозените. Земјотресот, според официјалните информации, однесе 3.700 животи.

Десетина илјади жители на Непал останаа без покрив над глава и стравуваат да се вратат во своите домови. Струја и понатаму нема, а родителите седат на улица со децата, обидувајќи се да ги смират.

Болниците се пренатрупани, а лекарите оперираат во импровизирани шатори на улиците. Волонтерите работат постојано за да им донесат храна и вода на загрозените.

Кога ќе закрепнат и конечно ќе добијат струја, жителите на Непал ќе мора повторно да ги изградат своите домови, од темелите до покривите. Дотогаш се надеваат дека саботното сценарио нема да се повтори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...