Иванов во посета на Азербејџан

Oд денеска претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ќе престојува во работна посета на Република Азербејџан, каде е предвидено да има билатерална средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, а ќе учествува и на третиот Глобален форум во Баку, „Градење доверба во новиот светски поредок“.

Иванов ќе се обрати на сесијата на отворањето на форумот.

На третиот Глобален форум во Баку најавено е учество на повеќе од 100 претставници од околу 60 земји во светот и од десетици меѓународни организации, како и на голем број поранешни претседатели и премиери од целиот свет.