fbpx

Нагорно-Карабах ќе престане да постои од 1 јануари 2024 година

Претседателот на самопрогласената Република Нагорно Карабах, Самвел Шахрамањан потпиша указ за распуштање на сите институции од 1 јануари следната година, соопштија властите на оваа енклава со претежно ерменско население

-

Претседателот на самопрогласената Република Нагорно-Карабах, Самвел Шахрамањан потпиша указ за распуштање на сите институции од 1 јануари следната година, соопштија властите на оваа енклава со претежно ерменско население.

Според декретот, самопрогласената република ќе престане да постои на 1 јануари,  пренесува Ројтерс.

На 18 септември Азербејџан започна воена операција во Нагорно-Карабах, која заврши по 24 часа со договор со Ерменците да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на отцепената територија во Азербејџан.

Нова војна – Азербејџан ја нападна енклавата Нагорно Карабах

Азербејџан објави дека ја започнал операцијата со цел да ги разоружа „нелегално вооружените формации“ на територијата на Нагорно-Карабах.

„Целта на овие акции е да се стави крај на 30-годишниот грабеж на регионот од страна на таканаречениот режим и да допринесе за слобода, правда, мир и просперитет на луѓето кои живеат таму“, изјавија властите.

Во Нагорно-Карабах живеат Ерменци, со долга историја на меѓусебни прогони и протерувања меѓу нив и Азербејџанците.

Нагорно-Карабах прогласи независност од Азербејџан во 1991 година, но овој регион не го признаваше никој, па дури ни Ерменија.

Во текот на 24 часа од воената акција животот го загубија најмалку 200 луѓе. Новиот вооружен конфликт предизвика егзодус на Ерменците од Нагорно-Карабах, а според последните информации, повеќе од половина од нив го напуштиле регионот и заминале во Ерменија.

Почна егзодус на Ерменците од Нагорно Карабах

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...