fbpx

Во Италија запленет кокаин вреден 70 милиони евра

-

Полицијата во Реџо Калабрија соопшти дека денеска запленила 334 килограми чист кокаин, чија вредност се проценува на 70 милиони евра.

Дрогата е запленета за време на викендот, во индустриското пристаниште Џоја Тауро во Калабрија, едно од главните пристаништа преку кое се шверцува стока во Италија.

Дрогата е пронајдена во два контејнера. Од Бразил пристигнале 55 килограми под декларација дека се превезува алуминиум. Втората, поголема пратка кокаин од 289 килограми, исто така, е најдена во контејнер од Бразил, кој требало да се испорача во Трст. Тој контејнер имал декларација дека содржи кафе.

Од почетокот на годината, на тоа пристаниште запленети се 932 килограми кокаин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...