fbpx

Опозицијата во Црна Гора бара референдум за членството во НАТО

-

Повикот за Црна Гора да покрене дијалог за приклучување на НАТО е последица на геостратегиските интереси на НАТО, а не резултат на спроведените реформи во областа на безбедноста, одбраната и на борбата против корупцијата и организираниот криминал во Црна Гора, смета дел од црногорската опозиција.

Опозицијата смета дека за приклучувањето на Црна Гора во НАТО треба да се изјаснат граѓаните на референдум.

Лидерот на ДЕМОС, Миодраг Лекиќ, вели дека референдумот за влез во НАТО е единствената демократска, фер и стабилна опција на која секоја партија треба да инсистира.

Тој смета дека НАТО ѝ должи на црногорската јавност објаснување, за, според него, наводниот напредок на Црна Гора во областа правна држава и резултатите во борбата против криминалот и корупцијата.

„Министрите на земјите-членки на Северноатлантскиот воен пакт донесоа погрешна одлука со која се креваат тензии во нашата земја“, наведе претседателот на СНП, Срѓан Милиќ.

– Да ѝ се испрати покана на Црна Гора, чие мнозинство граѓани се противат на полноправното членство во Северноатлантскиот пакт, претставува директна агресија врз мирот, стабилноста и врз безбедноста на граѓаните на нашата држава – порача Милиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...