Внатрешната контрола на МВР негира дека обезбедувањето на Груевски упаднало во „ТВ 21“

-

Личното обезбедување на поранешниот премиер Никола Груевски не влегло во дворот на „ТВ 21“ и не му наложило на новинарот Кристијан Ландов да избрише снимки од мобилниот телефон. Ова било наведено во одговорот на Секторот за внатрешни контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи на барањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) да биде поведена дисциплинска постапка против двајца припадници на обезбедувањето на Груевски, кои на 17 јуни годинава без налог упаднаа во телевизијата.

„МВР во краткиот допис до ЗНМ нè извести дека извршиле проверки, но при тоа не успеале да обезбедат докази со кои ќе се потврдат наводите дека обезбедувањето на Груевски влегло во дворот на „ТВ 21“ и му наложило на новинарот да ги избрише од телефон снимките со експремиерот Груевски како поминува на улица Македонија. Освен тоа, МВР го известило и Основното јавно обвинителство во Скопје за констатираната состојба. Со тоа полицијата му укажува на обвинителството да не поведе какво било постапка против нејзини припадници затоа што таков инцидент не се случил, иако безбедносните камери на телевизијата јасно го имаат регистрирано целиот настан, а новинарот и раководството на телевизијата го пријавиле инцидентот и бараат одговор од полицијата за неовластеното влегување во нивните простории“, стои во соопштението од ЗНМ.

Оттаму додаваат дека ЗНМ упадот го оцени како „директен напад врз слободата на медиумите затоа што полицијата нема право да ги спречи новинарите на јавен простор да го снимаат поранешен премиер и лидер на владејачката партија“.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...