fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Преговори за името без да се задира во идентитетот

-

„Сите очекуваат СДС да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и во ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, партијата на власт има обврска „да не ги повтори грешките со изневерените очекувања како при ветувањето за еден вработен од секое семејство“.

„Време е СДС да почне да го реализира ветеното, а не да се однесува како опозиција“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...