fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Заев и на Жерновски се само популизам

-

Прес-конференцијата на која градоначалникот на општина Центар и лидерот на СДСМ настапија заедно, ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како мешање во работата на Град Скопје.

Од партијата на власт велат дека тоа се само популистички најави за забрана за градење во оваа општина.

„Најавите дека овој градоначалнички тандем неработници ќе донел некакви забрани за градба на територија која не е нивна ингеренција, покрај тоа што е грубо мешање во работата на Град Скопје, е само евтин популизам со кој покажуваат неискреност на нивните намери и елементарно непознавање на законите од системот во кој се дел како градоначалници“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во Град Скопје секогаш имало јавни анкети на кои и граѓаните и стручната јавност имале можност да ги искажат своето мислење и став за градежните активности што се преземаат и од доменот на нискоградбата и од доменот на високоградбата.

„Впрочем, сите изградени објекти кои за нив се бескорисни и не биле во дослух со желбите на народот, се по предлог и со потпис на образовани архитекти“, пишува во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...