Вашингтон Пост: Агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје при претресот кај Трамп

-

ФБИ се обиде да пронајде доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје, меѓу другите предмети, кога агентите го претресоа одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, оваа недела, изјавија за Вашингтон пост луѓе запознаени со истрагата, пренесе Си-Ен-Ен.

Според овој извор, не е познато дали такви документи се најдени во Палм Бич каде се наоѓа куќата на Трамп. Откритието, како што пренесува Си-Ен-Ен, додава клучен контекст на вонредната одлука на Министерството за правда за претрес на домот на поранешен претседател.

Како што претходно извести Си-Ен-Ен, кривичната истрага почнала поради сомнеж за исчезнати документи и по кривична пријава од Националните архиви поднесена до Министерството за правда, откако биле откриени високо чувствителни документи меѓу материјалите пронајдени во Мар-а-Лаго во јануари. 15-те кутии содржеле некои материјали што биле дел од програмата за ограничен пристап (special access programs (SAP)), класификација што подразбира протоколи што значително го ограничуваат пристапот до информациите,се дознава од извор што е запознат со содржините што  Националните архиви ги пронашле во кутиите. Тоа довело до распити од страна на ФБИ на правни асистенти, по што се издадени судски налози за претреси и заплена на документите.

Министерството за правда побара од судијата во истражната постапка да издаде налог со кој се одобрува претрес во одмаралиштето на Трамп, со цел јавноста да дознае повеќе информации за тоа што точно се бара при претресот на поранешниот американски претседател.

Од друга страна пак, настаните на Флорида во текот на оваа недела, Трамп ги категоризираше како „политичка одмазда“.

Претресот на Флорида е дел од истрагата со која треба да се утврди дали Трамп нелегално отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштал канцеларијата во јануари 2021 година.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд за тамошните медиуми рече дека лично ја одобрил одлуката да се нареди претресот.

„Одделението не ја сфаќа таквата одлука лесно. Онаму каде што е можно, стандардна практика е да се бараат помалку наметливи средства како алтернатива на претресот и да се стесни нејзиниот опсег“, рече Гарланд на прес-конференција.

Неговата потврда за овој случај не е вообичаена, во однос на тоа дека американското правосудство обично не расправа за истраги кои се во тек. Но, во овој случај самиот Трамп во понеделникот навечер објави дека е во тек претрес на неговиот дом.

Гарланд кажа дека Министеството за правда барало да се издаде запечатен налог за претрес, што би можело да фрли светло на природата на истрагата.

Извор запознат со целиот случај рекол дека агентите на ФБИ одземале десет кутии од домот на Трамп за време на претресот. Сè уште не е познато дали адвокатите на Трамп и официјално ќе се спротистават на издавањето на овој налог, бидејќи рокот за да го направат тоа истекува денеска.

Претресот во Палм Бич на Флорида е една од бројните истраги со кои се соочува поранешниот претседател на САД уште од неговиот престој во Белата куќа. Против него се води и посебна истрага поради неуспешниот обид на неговите поддржувачи да го променат исходот на последните претседателски избори со наводно внесување на лажен попис на гласачи.

Актуелната истрага пак, за отстранувањето на документи од претседателската канцеларија започна откако од Националната архива упатиле допис до надлежното Министерство.

Поранешен вработен во архивата, Давид Фериеро, претходно потврдил дека Трамп вратил 15 кутии до владините тела во јануари годинава. Другите вработени во архивата подоцна дознале дека поединечни ставки биле означени како „доверливи информации за националната безбедност“.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...