Утре мандатарот Заев до Собранието ќе го поднесе составот на новата влада, гласање во недела

-

Претседателот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, најави дека ќе го поднесе предлог составот на новата влада и програмата за нејзина работа веднаш штом биде утврден бројот на потпретседатели на Собранието. Според Заев, предлог-составот на новата влада ќе се знае најрано утре изутрина. Гласањето за избор на Владата се очекува да се случи во недела.

Заев во изјава за ТВ21 вели дека очекува денеска да се утврди бројот на потпретседатели на парламентот и да се верифицираат мандатите на пратениците кои влегуваат на местата на оние пратеници кои излегуваат од Парламентот поради други функции во изршната власт.

– Кога ќе заврши оваа процедура, ќе го поднесам предлогот за влада. Денеска до касно ќе трае процедурата за верификација на мандатите, затоа што се најмалку 9 одлуки. Веројатно утре од сабајле ќе биде поднесен предлогот за влада. Потоа следуваат неколку дена пратениците да се запознаат со владината програма и автобиографијата на кандидатите за министри – изјави Заев.

Инаку, на денешната седница, Собранието ја констатираше оставката на пратеникот Флорин Бесими, пратеникот од ДУИ, кој претходно си поднесе оставка.

За оваа оставка тој рече дека е од морални причини, за да се избегне можен конфликт на интереси при гласањето во Собранието на новата Влада во која за министер за финансии е предложен неговиот брат Фатмир Бесими. На местото на Флорин Бесуими, во Собранието како пратеник влегува следниот на листата на ДУИ од таа изборна единица, односно Бедри Фазли.

Се очекува денеска да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

За предлогот најновиот состав на Собранието да има пет потпретседатели, се огласи поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Тој наведе дека таа бројка е преголема, и порача дека во времето кога мнозинството во Собранието го контролираше ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2016, имало само тројца потпретседатели во секој парламентарен мандат.

 

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали во текот...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали...