Уште две пријави за насилствата во Собранието, а двајца од УБК на испрашување во СВР-Скопје

-

Поднесени се две нови кривични пријави за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, до Основно јавно обвинителство Скопје се испратени уште три известувања, а во СВР Скопје е извршен разговор со двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и за нив ќе биде подготвен поднесок, информира МВР за најновите активности од истрагата за сериозниот инцидент.

Исто така, не бил извршен еден претрес на дом зашто на полицајците никој не им отворил врата.

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднел кривични пријави против А.Б. (60) од Тетово и А.Ш. (22), товарејќи ги за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство, според чл. 384 од Кривичниот законик.

„А.Б., откако насилно влегол во Собранието, во прес-салата се туркал и се обидел физички да се пресмета со обезбедувањето на пратеникот О.С., упатувајќи им закани. Во моментот кога сакал да се доближи до пратениците, бил задржан од друго лице. Второпријавениот, А.Ш., насилно ја отворил влезната врата на Собранието, удирајќи ја со раце и со нозе, притоа туркајќи ги и влечејќи ги полициските службеници поставени во кордон пред вратата. За преземените дејства на двајцата пријавени обезбедени се видеозаписи, со нив биле извршени разговори во кои целосно ги појасниле преземените дејства, по што истите се ослободени“, стои во соопштението од МВР.

Исто така, до Основно јавно обвинителство Скопје доставени се три известувања. Првото е за прегледани видеоматеријали, при што било утврдено дека осум лица се присутни во Собранието, но стоеле мирно. Второто и третото известување се за побарана евиденција на разговори на едно лице против кого претходно била поднесена кривична пријава, а третото е известување дека е обезбедена целокупната здравствена документација за повредените кои побарале лекарска помош во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска).

Во СВР Скопје бил извршен разговор со С.С. (38) од Скопје, по што е ослободен, како и со О.Р. (42) и со С.М. (51), вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. По извршениот разговор и тие биле ослободени, а во консултации со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од Секторот.

СВР Скопје известува и дека вчера се обиделе да извршат претрес во домот на  И.Ј. (46) од Куманово, но претресот не бил извршен бидејќи никој не ја отварал вратата.

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...