среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: истепани пратеници | 24 резултати

Заев: Ги решивме отворените прашања со Вучиќ

24 јули 2017

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за регионалната телевизија Н1  изјави дека ги решил сите отворени прашања што ги имал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по неговата изјава за македонското сценарио кое може да се прелее во Србија, но и по информациите кои велат дека поранешен член на БИА беше во Собранието. Заев вели […]

ОЈО за организиран криминал почнува со распит на граѓани за насилствата од 27 април

20 јуни 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека во предистражната постапка што ја води за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, почнува да повикува граѓани на разговор заради добивање информации. Од Обвинителството велат дека бидејќи случајот е во предистражна постапка, нема да известува кој е повикан и во кое […]

МВР со известувања до Обвинителството за насилници и за српскиот разузнавач

9 јуни 2017

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека во изминативе неколку дена Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднело шест известувања за истрагата околу насилствата на 27 април во Собранието на Република Македонија. Притоа, поднесена е кривична пријава заедно со известување против А.К., за учество во толпа што ќе изврши […]

Во истрагата за 27 април се вклучува и Обвинителството за организиран криминал

31 мај 2017

Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека дел од истрагата за насилствата во Собранието на 27 април целосно ја предава на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. ОЈО Скопје утврдило дека постоела соработка на неколку осомничени и затоа заклучило дека истрагата за тие случаи треба да ја водат нивните колеги […]

Притвор од 30 дена за подметнувачот на импровизираната бомба во Собранието

26 мај 2017

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за лицето кое оставило експлозивна направа во Собранието на Република Македонија на 27 април и побарало притвор од 30 дена, кој бил одобрен. Во вечерашното соопштение Обвинителството известува дека постапката е почната поради кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, […]

Кривична пријава за лицето што поставило импровизирана бомба во Собранието

26 мај 2017

СВР Скопје поднел кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје, кого го сомничи за „неовластено изработување оружје или распрскувачки материи и за предизвикување општа опасност“, односно за изработка на импровизирана бомба што ја внел во Собранието во насилствата на 27 април. Според полицискиот билтен, пријавениот околу 19 часот со толпата влегол во Собрание на Република […]

Со условни казни ослободени деветтемината обвинети за насилствата во Собранието

23 мај 2017

Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието на 27 април денеска на рочиштето во Основен суд Скопје 1 добија условни казни, откако ја признаа вината, за да добијат поблаги казни. Тие беа обвинети за учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност. Сите, освен Димче Христовски – Жабата, добија условни казни од 6 […]

Нови испрашувања и претреси за насилствата во Собранието

23 мај 2017

Тројца скопјани и еден виничанец се најновите лица повикани во СВР Скопје за да бидат испрашани во врска со насилствата во Собранието, по што биле ослободени. Во домот на уште еден скопјанец е извршен претрес, при што не се пронајдени докази, па и тој е на слобода. Како што соопшти СВР Скопје, за сите пет […]

Деветтемина обвинети за насилството во Собранието ја признаа вината

23 мај 2017

Деветтемина обвинети, чие судење за насилствата и тепањето во Собранието на 27 април, почна претпладнево се изјаснија дека се виновни за учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност, како што гласи обвинението. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, на кое присуствуваат сите обвинети, Ангеле Зафировски прво се изјасни како […]

Уште две пријави за насилствата во Собранието, а двајца од УБК на испрашување во СВР-Скопје

19 мај 2017

Поднесени се две нови кривични пријави за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, до Основно јавно обвинителство Скопје се испратени уште три известувања, а во СВР Скопје е извршен разговор со двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и за нив ќе биде подготвен поднесок, информира МВР за најновите активности од […]

Уште три лица идентификувани за тепањето во Собранието, двајца ослободени, еден во притвор

15 мај 2017

Полицијата викендов разговарала со тројца осомничени учесници во насилствата во Собранието на 27 април, од кои едно лице што само се пријавило во полициска станица по враќање од странство е во притвор, а другите двајца се пуштени на слобода и за нив ќе има поднесоци. Според соопштението, по прегледувањето на видеозаписите, СВР Скопје ги повикало на […]

Иванов бара Нухиу да ја појасни изјавата за сценарио за воена состојба

12 мај 2017

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево го повика министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, да ги појасни податоците и информациите искажани вчера во интервју за телевизија „Алсат-М“ за постоење на сценарио кое би послужило како повод за прогласување на воена (член 124 од Уставот на Република Македонија) или вонредна состојба (член 125 од Уставот на […]

Спасовски: Мора да се бара командна одговорност во МВР за настаните во Собранието

12 мај 2017

„Покрај соодветни постапки за насилниците што влегоа во Собранието, мора да се бара и сериозна командна одговорност и во МВР и за сите припадници што не постапувале и кои не биле во функција на заштита на овие објекти од витално значење на Македонија и во заштита на животот и на здравјето на пратениците во Собранието“, порача пратеникот […]

Одреден 30-дневен притвор за осомничените напаѓачи на Зијадин Села

11 мај 2017

Судија на претходна постапка вчеравечер одреди 30-дневен притвор за осомничените напаѓачи на пратеникот З.С., откако Основното јавно обвинителство – Скопје побара притвор за две лица во врска со овој случај, потврдија за „Мета“ од Основен суд Скопје 1. Јавен обвинител вчера донесе наредба за истражна постапка против двете лица за наведеното кривично дело. Полицијата вчера […]

МВР потврди: Внатрешната контрола суспендира петмина поради инцидентите во Собранието

11 мај 2017

Петмина вработени во МВР се привремено оддалечени од работните места, односно суспендирани, во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, потврдија од МВР за „Мета“. Мерката е изречена од одделението за внатрешна контрола на МВР, а не од работната група формирана од министерот Агим Нухиу за расчистување на настаните во Собранието, нагласија од одделот за […]

МВР идентификувало уште четири учесници во упадот во Собранието

5 мај 2017

СВР Скопје вчера повикало на службени разговори уште лица за кои имало сомневање дека биле вклучени во упадот и во дивеењата во Собранието на 27 април, од кои за четворица ќе поднесе известување до Основното јавно обвинителство – Скопје. Поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, СВР […]

Хелсиншки во извештај за дивеењето во Собранието, бара акција од Обвинителството

5 мај 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија подготви посебен извештај за дивеењето и за бруталното насилство во Собранието на Република Македонија на 27 април, со кој сака да ја информира прецизно јавноста за сите сторени кривични дела, меѓу кои и обиди за убиство. Истовремено, Хелсиншкиот комитет со извештајот од МВР и од Основното јавно […]

ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е МВР да приведува лица што не сториле никакво кривично дело

3 мај 2017

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Драган Данев на прес-конференција денеска порача дека приведувањата за немирите во Собранието на 27 април се обид за заплашување и хајка на недолжни граѓани, притоа нагласувајќи дека „тоа што одредени граѓани влегле во Собранието револтирани од нелегалниот обид за избор на претседател на Собрание, од кршењето на Уставот, деловникот, од антидржавните провокации […]

Нухиу поднел барање до Владата да се разреши Митко Чавков од БЈБ

3 мај 2017

Враќање назад нема, работите мора да се расчистат докрај и секој ќе одговора за своите постапки, порача министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на денешната прес-конференција во МВР, на која соопшти дека до Владата поднел барање да се разреши Митко Чавков од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, и порача дека формирал оперативен штаб што […]

Нови пет лица добија кривични пријави за дивеењето во Собранието

2 мај 2017

СВР Скопје денеска ја дополни кривичната пријава за дивеењето и за бруталното насилство во Собранието во четвртокот со уште пет лица, со што сега бројката на идентификувани се искачи на 20 лица. Според соопштението од полицијата, новите петмина пријавени, кои се од Скопје, Куманово и од Велес, се идентификувани по прегледување на видоснимките од медиумите […]

Страна 1 од 1