среда, 10 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: дивеење | 11 резултати

Уште две пријави за насилствата во Собранието, а двајца од УБК на испрашување во СВР-Скопје

19 мај 2017

Поднесени се две нови кривични пријави за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, до Основно јавно обвинителство Скопје се испратени уште три известувања, а во СВР Скопје е извршен разговор со двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и за нив ќе биде подготвен поднесок, информира МВР за најновите активности од […]

Уште три лица идентификувани за тепањето во Собранието, двајца ослободени, еден во притвор

15 мај 2017

Полицијата викендов разговарала со тројца осомничени учесници во насилствата во Собранието на 27 април, од кои едно лице што само се пријавило во полициска станица по враќање од странство е во притвор, а другите двајца се пуштени на слобода и за нив ќе има поднесоци. Според соопштението, по прегледувањето на видеозаписите, СВР Скопје ги повикало на […]

МВР потврди: Внатрешната контрола суспендира петмина поради инцидентите во Собранието

11 мај 2017

Петмина вработени во МВР се привремено оддалечени од работните места, односно суспендирани, во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, потврдија од МВР за „Мета“. Мерката е изречена од одделението за внатрешна контрола на МВР, а не од работната група формирана од министерот Агим Нухиу за расчистување на настаните во Собранието, нагласија од одделот за […]

Обвинителен предлог за девет насилници во Собранието, продолжени само два притвора

8 мај 2017

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје извести дека денеска поднело обвинителен предлог за девет лица – учесници во нередите во Собранието на Република Македонија. Осомничените се товарат дека учествувале во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, од член 384, став 1 од Кривичниот законик. За двајца од деветтемина, надлежен обвинител поднел предлог […]

МВР идентификувало уште четири учесници во упадот во Собранието

5 мај 2017

СВР Скопје вчера повикало на службени разговори уште лица за кои имало сомневање дека биле вклучени во упадот и во дивеењата во Собранието на 27 април, од кои за четворица ќе поднесе известување до Основното јавно обвинителство – Скопје. Поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, СВР […]

Хелсиншки во извештај за дивеењето во Собранието, бара акција од Обвинителството

5 мај 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија подготви посебен извештај за дивеењето и за бруталното насилство во Собранието на Република Македонија на 27 април, со кој сака да ја информира прецизно јавноста за сите сторени кривични дела, меѓу кои и обиди за убиство. Истовремено, Хелсиншкиот комитет со извештајот од МВР и од Основното јавно […]

ОЈО: Притвор за едно лице, а мерки на претпазливост за двајца насилници

3 мај 2017

Обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје до судија на претходна постапка поднел предлог за притвор за едно лице, а за мерки за претпазливост за две лица, осомничени за кривични дела при упадот и насилствата во Собранието во четвртокот, 27 април, соопшти вечерва ОЈО Скопје. За други две лица за кои МВР исто така […]

Страна 1 од 1