fbpx

За половина час: украл автомобил, удрил во жена, избегал, а потоа удрил во метална ограда

Сообраќаен хаос предизвикал 18-годишен жител на Скопје, за што ќе одговара за неколку кривични дела

-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, кој не само што предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици, туку за само половина час извршил уште две кривични дела.

Како што соопшти Обвинителството, на 30 август од паркинг пред зграда на булеварот „3-та Македонска Бригада“ украл автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски таблички и почнал да го вози по булеварот „Борис Трајковски“. Притоа, осомничениот не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Автомобилот го управувал без возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, изгубил контрола над управувачот и со возилото излегол надвор од коловозот на тротоарот од десната страна, каде удрил во жена која се движела по тротоарот, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, од кои жената подоцна починала.

По ударот, без да укаже помош на оштетената, осомничениот продолжил да вози, повторно изгубил контрола над управувачот од возилото и удрил во метална ограда. Тогаш го оставил возилото и пеш го напуштил местото, криејќи се од полицијата.

Обвинителство го товари за кривично дело – Одземање на моторно возило, потоа за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а потоа и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

„Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постојат особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор“, се вели во соопштението од Обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...