fbpx

Лага е дека во емисијата на „360 степени“ го немало македонското знаме

Македонското знаме е прво, веднаш по него е европското знаме. Тие стојат едно до друго, веднаш зад водителот, и кога камерата го доловува тој кадар, повеќе јасно се гледа државното знаме

-

Преку манипулативна фотографија од епизодата на „360 Степени“, во која беше емитувано интервју со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во објава на Фејсбук лажно се тврди дека не било поставено државното знаме на Северна Македонија, додека во исто време стоеле партиското знаме на ДУИ и други знамиња, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во кој лажно се тврди дека во емисијата „360 Степени“ кога гостуваше лидерот на ДУИ Али Ахмети го нема македонското знаме.

Во објавата пишува:

Интервју на Ахмети емитувано на МТВ. Се има само македонското знаме го нема.

Приложена е и фотографија (принтскрин), од интервјуто на емисијата на „360 Степени“, на која се гледаат албанското, американското знаме, знамето со симболи на НАТО и ДУИ.

Во текстот кој се споделува со објавата пишува:

Без коментар, фотографијата се кажува – знамиња на НАТО, САД и ДУИ, албанското национално знаме кое е и знаме на Република Албанија и… И толку, македонското го нема.

Но, фотографијата е манипулација. Направена како принт скрин во дел од емисијата со таков агол каде што македонското знаме не може да се види.

Кога ќе се погледне емисијата на YOUTUBE каналот на „360 Степени“ сликата е поинаква. Од различни агли низ повеќе камери се доловуваат различни кадри и може да се види дека покрај наведените знамиња ги има и европското, но и македонското знаме.

Впрочем, македонското знаме е прво, веднаш по него е европското знаме. Тие стојат едно до друго, веднаш зад водителот, и кога камерата го доловува тој кадар, повеќе јасно се гледа државното знаме.

Авторот на објавата  преку манипулативна фотографија и лага, предизвика бројни критики, навреди и лавина негативни коментари преку кои што се шири говор на омраза.

Факт е дека македонското државно знаме во споменатата емисија „360 Степени“, која се емитуваше на МТВ беше прво.

Токму затоа овој пост го оценуваме како дезинформација.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...