fbpx

Обвинителен предлог за девет насилници во Собранието, продолжени само два притвора

-

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје извести дека денеска поднело обвинителен предлог за девет лица – учесници во нередите во Собранието на Република Македонија. Осомничените се товарат дека учествувале во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, од член 384, став 1 од Кривичниот законик.

За двајца од деветтемина, надлежен обвинител поднел предлог за продолжување на мерката притвор. За едно лице кое досега беше во притвор, јавниот обвинител побарал куќен притвор, а за едно што беше во куќен притвор поднесен е предлог за негово продолжување.

За едно лице кое досега беше во притвор, не е побарано продолжување на мерката, туку се побарани само мерки на претпазливост.

За четири лица кои досега се наоѓаа во притвор, прибрани се докази и не постои опасност да попречат во постапката, па затоа за нив се побарани мерки на претпазливост.

За три лица за кои МВР поднесе кривична пријава, ОЈО Скопје ја отфрлило кривичната пријава, со образложение дека за две лица е направена погрешна идентификација, а за едно од лицата воопшто не е утврдено дека го сторило тоа за што се товари во кривичната пријава.

Дополнително, Основното јавно обвинителство – Скопје информира дека во согласност со законот, правната квалификација за сторено кривично дело ја дава јавниот обвинител. Тоа значи дека доколку дополнително се пронајдат нови докази што укажуваат дека определено лице извршило друго кривично дело, јавниот обвинител во текот на целата постапка може да изврши преквалификација или лицето да го гони  и за други кривични дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...