fbpx

Украина втор ден по ред со дронови го нападна окупираниот Крим

Нападот на Украина врз Крим следи само еден ден откако украинските сили успеаја завчера да погодат цели од пристанишната инфраструктура, подморница и брод на руската црноморска флота лоцирана во градот Севастопол

-

Украинските власти тврдат дека уништиле руски систем за противвоздушна одбрана во близина на градот Јевпаторија на окупираниот полуостров Крим, пренесува Гардијан. Нападот бил извршен со дрон во текот на изминатава ноќ од страна на безбедносните служби на Украина.

Русија пак претходно соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 11 дронови над полуостровот Крим, којшто Русија го анектираше во 2014 година. На социјалните мрежи се споделуваат неверификувани видеа од голема експлозија во близина на градот Јевпаторија.

Инаку, нападот на Украина врз Крим следи само еден ден откако украинските сили успеаја завчера да погодат цели од пристанишната инфраструктура, подморница и брод на руската црноморска флота лоцирана во градот Севастопол. Пристаништето во овој град било нападнато од Украина со 10 ракети и три бродови без екипаж, при што биле повредени 24 лица.

Инаку, Русија изминатава ноќ извршила нови напади врз пристаништата во областа Измаил во близина на украинско-романската граница. Повредени биле седум лица во градовите Измаил и Рени, а оштетени биле и пристаништата лоцирани на реката Дунав.

Украинската противвоздушна одбрана соборила 32 дронови во текот на изминатото деноноќие, кои биле лансирани од страна на руските сили, информираат од украинскиот генералштаб. Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков изјави дека од 18 јули досега Русија оштетила над 100 пристанишни објекти во Украина, како последица на нападите.

Ракетни напади извршени од Русија се регистрирани и во други делови на Украина изминатово деноноќие. Шестгодишно дете загина од руска ракета во Херсонскиот регион, информираа украинските власти. И во регионот Суми на североистокот на Украина биле нападнати населени места во три наврати, при што биле регистрирани четири експлозии, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...