Бројот на загинати во Либија расте, Црвен крст со апел до македонските граѓани за помош

Од македонскиот Црвен крст денеска упатија апел до граѓаните да се вклучат во обезбедувањето на неопходната помош преку донации за настраданите во поплавите во Либија

-

Стравувањата се дека во либискиот град Дерна загинале 20.000 лица во катастрофалните поплави во изминативе денови, јавува Би-би-си. Овој крајбрежен град е претворен во руина од надојдените води, со уништени згради и возила, додека бројот на исчезнати лица во морето од поплавите е огромен.

Најголема среќа во Дерна имале жителите од источните делови на градот, кои се наоѓаат на рид и кои успеале да се спасат од надојдените води. Ризикот од пукање на браните, кои ја предизвикаа поплавата во Дерна, постоел уште од 2011 година, но либиските власти не сториле ништо за да ги санираат објектите.

Обединетите нации (ОН) предупредуваат дека следната опасност за жителите е појавата на болести од загадената вода за пиење. Од ОН апелираат за помош од другите земји, која е неопходно да пристигне во Дерна. Досега во градот пристигнаа спасувачки екипи од Египет, Турција и Катар. Се стравува дека под урнатините на десетици згради има загинати лица.

Од македонскиот Црвен крст денеска упатија апел до граѓаните да се вклучат во обезбедувањето на неопходната помош преку донации за настраданите во поплавите во Либија.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либија.

Алтернативно, македонските граѓани може да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута, треба да се употребат следниве детали:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...