fbpx

Уапсен Алжирец поврзан со нападите во Париз и Брисел

-

Италијанската полиција вчера уапсила Алжирец, кој во Белгија се бара во рамки на истрагата за лажните документи кои ги користеле напаѓачите во Брисел и Париз, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Осомничениот Џамал Един Оуали (40) е приведен врз основа на европски налог за негово апсење, во јужниот италијански регион Салерно, во заедничка акција на антитерористичките сили и римската полиција за специјални операции.

Оуали е осомничен дека е дел од криминална мрежа која прави лажни документи за илегални мигранти. Тој во следните денови ќе биде испорачан во Белгија.

Полицијата во неговата работилница пронашла стотина дигитални фотографии, меѓу кои биле и три фотографии од осомничените за минатогодишните напади во Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...