fbpx

Сандерс ја победи Клинтон во Алјаска и во Вашингтон

-

Кандидатот за претседателска номинација на Демократската партија на САД, Берни Сандерс вчера победи на партиските извори во Алјаска и во Вашингтон. Тој со убедливите победи во двете држави се „врати“ во трката за кандидат на Демократите за претседател на САД.

Во државата Вашингтон, Сандерс освоил 73,9 отсто од гласовите, додека на Алјаска добил цели 79 отсто од гласовите. Резултатите од Хаваи, допрва треба да пристигнат.

Левичарскиот сенатор од Вермонт минатата недела ја минал во кампања на западниот брег на САД во надеж дека добрите резултати ќе го вратат во трката против фаворитката Хилари Клинтон, која има значителна предност според бројот на освоени делегати кои на партиската конвенција во јули ќе одлучат за кандидатурата за претседател.

Клинтон досега освоила 1.223 делегати, а Сандерс 929. Со суперделегатите, односно партиските претставници кои можат да гласаат на конвенцијата, Клинтон има поддршка од 1.692 делегати, додека Сандерс од 958.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...