fbpx

Сириската војска ја презеде контролата над Палмира

-

Сириските вооружени сили целосно ја презедоа контролата над древниот град Палмира, што претставува голема победа над Исламска држава.

– После тешките борби во текот на ноќта, војската има полна контрола над Палмира – како над стариот град, така и над населениот дел – соопштија извори од сириската војска.

Силите на сирискиот режим вчера ја проширија контролата северно од Палмира и го зазедоа околниот град Ал Амира, кој дотогаш беше под контрола на ИД, а кој се смета за „капија на историскиот град“, објави државната телевизија.

ИД во мај минатата година го зазеде Палмира, кој се наоѓа на листата на светско културно богатство на УНЕСКО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...