fbpx

ДИК ќе расправа за објавување на спорните записи на сајтот на Комисија

-

Државната изборна комисија на првата наредна седница ќе се расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.

Од ДИК исто така велат дека засилено се одвиваат подготовките за отпочнување на теренските проверки на спорните гласачи од Избирачкиот список.

„Завршено е печатењето на материјалите неопходни за спроведување на проверките, а во тек е процесот на нивно дистрибуирање до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Во исто време се одвива и едукацијата на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. По завршувањето на овие два процеса, кои паралелно се одвиваат, ќе стартуваат и теренските проверки“, стои во соопштението.

Од Комисијата исто така потврдија дека цедињата со податоци од вкрстените проверки им се дадени на членови на ова тело.

„Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...