fbpx

Фајман: Политиката на Меркел не е фер кон Австрија

-

Германија од Австрија прави тампон зона за бегалците, рече австрискиот канцелар Вернер Фајман, критикувајќи ја политиката на германската канцеларка Ангела Меркел кон бегалците.

– Доколку еден или два милиони лица сакаат преку Австрија да заминат во Германија, може релативно лесно со граничните процедури да се предизвика застој во Австрија. Со тоа стануваме тампон зона – вели Фајман во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Фајман вели дека тоа не е фер и оти со тоа на Австрија може да и се нанесе штета. Тој рече дека предноста која ја има Меркел, да може да ја користи Австрија како чекалница, преку одржување на привлечноста на Германија е европска грешка, затоа што со тоа на притисок се изложуваат и земјите од Балканот и другите, како Италија кои стануваат алтернативна рута.

– Имам лично добар однос со Меркел, но во политичка смисла постојат тензии, призна Фајман.
Тој побара Меркел јасно да им каже на бегалците дека не треба да се обидуваат да ги пробиваат границите и да ги користат илегалните рути и да каже колкав број бегалци би можеле легално да влезат во Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...