петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Палмира | 19 резултати

Откриена масовна гробница во околината на Палмира

април 2, 2016

Сириската војска пронашла масовна гробница со околу 40 тела во подрачјето на градот Палмира, кој до минатата недела беше под контрола на припадниците на Исламска држава, јавуваат светските агенции. Според информациите, најголем дел од телата во гробницата, која била откриена во североисточниот дел на Палмира, биле на жени и на деца. На некои од жртвите […]

Асад ги повика ОН да помогнат во обновата на Палмира

март 30, 2016

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ги повика ОН и останатите меѓународни организации да и помогнат на Сирија во обнова на Палмира, откако државните сили ја потиснаа Исламска држава (ИД) од овој древен град. Државната агенција САНА јавува дека Асад го упати апелот во порака до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Сирискиот претседател му […]

УНЕСКО и даде дозвола на Русија за деминирање на Палмира

март 30, 2016

Русија добила одобрување од УНЕСКО за деминирање на древниот град Палмира, соопшти рускиот претседател, Владимир Путин. Градот Палмира, кој е изграден во пустинска оаза, се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско културно наследство, а во него се наоѓаат споменици стари стотина илјади години. Руската војска минатата недела им помогнаа на сириските сили да го […]

Еро: Ослободувањето на Палмира не ги ослободува од одговорност сириските власти

март 30, 2016

Ослободувањето на Палмира од милитантите на Исламска држава не ги ослободува сириските власти од одговорноста поради вооружениот конфликт во Сирија, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро. – Секако, не жалиме што Палмира повеќе не се наоѓа во рацете на џихадистите. Истовремено, кога ИД го зазеде овој град, тешко можеме да речеме […]

Сириската војска ја презеде контролата над Палмира

март 27, 2016

Сириските вооружени сили целосно ја презедоа контролата над древниот град Палмира, што претставува голема победа над Исламска држава. – После тешките борби во текот на ноќта, војската има полна контрола над Палмира – како над стариот град, така и над населениот дел – соопштија извори од сириската војска. Силите на сирискиот режим вчера ја проширија […]

Сириската војска ја зазеде цитаделата во Палмира, во офанзивата против ИД

март 25, 2016

Силите на сириската влада напредуваат во офанзивата против милитантите на Исламска држава за преземање на античкиот град Палмира во Сирија, каде, според извештаите на агенциите, денеска се воделе жестоки борби. Според новинската агенција Сана, сириската војска ја презела контролата врз реконструираниот замок од 13. век, кој се наоѓа на рид во западниот дел од античкиот […]

Борби за Палмира – загинаа 26 провладини сириски војници

март 21, 2016

Најмалку 26 провладини борци загинаа во судирите со припадниците на Исламска држава во близина на древниот град Палмира, соопшти Опсерваторијата за човекови права. Опсерваторијата за човекови права наведува дека Исламска држава одбила офанзива на силите лојални на сирискиот режим и притоа загинале најмалку 26 борци. Во меѓувреме, „авиони за кои се верува дека се руски, […]

Исламисти врзале заробеници за столб и живи ги запалиле

октомври 27, 2015

Припадници на Исламска држава убиле тројца заробеници во сирискиот древен град Палмира, така што ги врзале за столб, а потоа ги разнеле со експлозивна направа, објавија светските новински агенции. Уште не е познат идентитетот на убиените, за кои се смета дека се први кои се убиени на тој начин од почетокот на џихадистичката окупација на […]

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

септември 4, 2015

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено. Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан […]

ИД уништила три древни гробници во Палмира

септември 4, 2015

Припадниците на Исламска држава кренале во воздух три древни гробници во Палмира, изградени меѓу 44 и 103 година од новата ера, рече денеска шефот на сириското Одделение за антиквитети, Мамун Абдулкарим. Абдулкарим соопшти дека извори од Палмира го потврдиле уништувањето на трите гробници, градени во облик на кули, вклучувајќи ја и Елахбел, изградена во 103 година […]

Исламска држава објави фотографии од уништувањето на Палмира

август 25, 2015

Исламска држава (ИД) објави фотографии од, како што може да се види од нив, уништувањето на храмот Балшамин во античкиот град Палмира во Сирија, кој е на листата на УНЕСКО на светски културни богатства. На фотографиите кои циркулираат меѓу поддржувачите на џихадистичката група, можеле да се видат милитанти на ИД како поставуваат експлозив во храмот, […]

УНЕСКО: Уништувањето на храмот во Палмира е военo злосторство

август 24, 2015

Екстеремистите на Исламска држава кои го уништија древниот храм во сирискиот град Палмира, направиле воено злосторство, оцени генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова. – Уништувањето е воено злосторство и неповратен губиток за сирискиот народ и човештвото – наведе Бокова и додаде дека сторителите мораат да одговараат за своите постапки. Исламска држава ја зазеде Палмира во […]

Милитанти на ИД го уништиле храмот Балшамин во Палмира

август 24, 2015

Милитанти на Исламска држава (ИД) го срушиле храмот Балшамин во античкиот град Палмира во Сирија, кој е дел од светското културно наследство и е на листата на УНЕСКО, соопштиле властите и активистите во Сирија. Според сириските власти, милитантите на ИД го кренале храмот во воздух вчера, додека пак според извештаите на сириската опсерваторија за човекови […]

ИД погуби научник во Палмира

август 19, 2015

Припадниците на терористичката организација Исламска држава го погубија еден од најистакнатите експерти за антиквитети Калед Асад (81) во сирискиот град Палмира, пренесоа сириските државни медиуми. Државната новинска агенција САНА и сириската Опсерваторија за човекови права соопштија дека екстремистите на ИД во вторникот му ја отсекле главата на Асад на плоштадот пред градскиот музеј. Шефот на […]

Исламска држава го минирала античкиот град Палмира во Сирија

јуни 21, 2015

Џихадистите од Исламска држава поставиле експлозив по целиот древен антички град Палмира во Сирија, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. Палмира, која се наоѓа во централниот дел на Сирија, е во рацете на џихадистите од 21 мај поради што меѓународната заедница стравуваше дека исламистите ќе го уништат археолошкото пронаоѓалиште, кое е од непроценлива вредност. Опсерваторијата […]

Страна 1 од 1