fbpx

Туск ги објави отстапките за Британија, Камерон го поздрави напредокот

-

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на јавноста ѝ ги претстави клучните предлог-реформи што би требало да обезбедат опстанок на Британија во Европската унија, вклучувајќи ја и опцијата земјата на четири години да ја укине социјалната помош за мигрантите, како и заштитни мерки за држави кои не се членки на еврозоната.

„Да се биде или да не се биде заедно, тоа е прашањето… Ова е мој предлог за нова спогодба која ќе ја задржи Британија во ЕУ“, напиша Туск на „Твитер“ откако ги објави предлозите.

„Мое мислење е дека предлозите значително ги исполнуваат желбите на премиерот Камерон. Линијата која не е премината се принципите на кои се заснова Европската унија“, истакна Туск.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој сака да биде постигнат договор меѓу официјален Лондон и Брисел за веќе во јуни да може да се одржи референдумот за членство во ЕУ, изјави дека предлозите на Туск „покажуваат реален напредок“, но оти „има уште работа“.

Во нацрт-предлогот на Туск се наведува дека членките на ЕУ имаат можност да ја запрат исплатата на социјална помош на работниците од други земји-членки на блокот, во случај кога „постои вонредна ситуација во мера која ги загрозува клучните аспекти на социјалните системи на земјата“.

Туск, исто така, предложи механизам преку кој деветте земји-членки на Унијата што не го користат еврото како валута да изразат загриженост и да добијат „неопходно разуверување“ во врска со одлуките што се однесуваат на еврозоната.

Сепак, тој истакна дека механизмот „не може да послужи за ставање вето ниту за одлагање на итни одлуки“ и додаде дека за условите за покренување на тој механизам треба да се разговара пред самитот на ЕУ, закажан за 18 и за 19 февруари, за да биде постигнат конечен договор меѓу ЕУ и Британија.

Експерти од членките на ЕУ би требало в петок да го одржат првиот заеднички состанок, на кој ќе разговараат за предлозите, со надеж дека ќе отворат пат до самитот да биде постигнат конечен договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...