fbpx

Туск: Договорот ЕУ – Турција дава резултати

-

Договорот на Европската Унија и на Турција за решавање на мигрантската криза почна да дава резултати, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Забележавме дека нагло е променет текот на илегалната миграција – изјави Туск, кој заедно со германската канцеларка, Ангела Меркел, е во официјална посета на Турција.

Тој ја пофали владата на Турција и рече дека таа земја преставува најдобар пример на светот како треба да се третираат бегалците.

Во Турција моментално се наоѓаат 2,7 милиони сириски бегалци.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу повтори дека ЕУ сега треба да ги укине визите за турските државјани.

Давутоглу рече дека Турција го исполнила својот дел од договорот, додавајќи дека за неговата земја од суштинско значење е визната либерализација.

Европската комисија претходно најави дека 4 мај би можел да биде датум на кој ќе предложи укинување на визите за турските државјани доколку Турција ги исполни потребните европски критериуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...