fbpx

Во Алепо се убиени најмалку 20 цивили

-

Најмалку 20 цивили загинаа денеска во бомбардирање на бунтовничките и на режимските сили во сирискиот град Алепо.

Ова е трети ден на обновени конфликти во овој град, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Оттаму соопштуваат дека во ракетниот напад на бунтовниците на делови од градот кои ги држат владините сили, убиени се шест цивили вклучувајќи и две деца.

Истовремено во воздушни напади на владините сили загинале најмалку осум цивили.

Во соседниот град Сакхур, во напад на пазар, убиени се пет лица, соопшти припадник на цивилната одбрана,

Уште тројца цивили загинаа во друга населба во Алепо поради режимското бомбардирање.

Шефот на Сириската опсерваторија, Рами Рахман, вели дека порастот на насилството во Алепо и во другите области значи дека примирјето доживува неуспех.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...