fbpx

Турција: САД и Русија да не им даваат оружје на Курдите

-

Турските власти денеска ги повикаа на разговор амбасадорите на САД и на Русија за да ги предупредат дека се против давање каква било помош на сириските Курди во нивните операции против екстремистичката група Исламска држава во Сирија, соопштија избори од турската влада.

Претставникот на турското МНР соопштил дека властите ги запознале амбасадорите со ставовите на Турција за курдската партија во Сирија, Партија на демократското единство (ПДЕ) и оти им се „пренесени потребните предупредувања“.

Анкара ја смета ПДЕ за сестринска партија на Работничката партија на Курдистан (ПКК), која во Турција води побуна од 1984 година против турските безбедносни сили. Пентагон во понеделникот со падобрани испрати муниција за курдските борци што се борат против Исламска држава на северот на Сирија.

Русија почна одвоени воздушни напади во Сирија како поддршка на силите на Башар ал Асад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.