fbpx

Турција бомбардираше позиции на Курдите во Ирак

-

Турски воени авиони утринава бомбардирале кампови на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на северот на Ирак, соопшти турската војска.

Во 11 воздушни напади се уништени сите 18 неодамна идентификувани мети, меѓу кои се и складиштата за муниција и засолништата, тврди војската.

Турските власти, исто така, прогласија полициски час во југоисточниот дел на Сирнак, кој е претежно населен со Курди, а како што соопшти гувернерот тој вечерва стапува на сила.

Во вчерашниот бомбашки напад во Анкара загинаа 37 лица, а 125 се повредени. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Неименуван турски претставник соопшти дека прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека ПКК или некоја група поврзана со нив е одговорна за нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN. „Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезира ќе биде...