Принцот Чарлс во посета на Хрватска

Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила денеска попладне пристигнуваат во дводневна посета на Хрватска, од каде што ќе ја започнат турнејата по Балканот во рамките на која ќе ги посетат Србија, Црна Гора и Косово.

На првиот ден од посетата, кралското семејство ќе се сретне со претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот Тихомир Орешковиќ.

Ова ќе биде петта посета на принцот Чарлс на Хрватска, а ќе ги следат 180 домашни и странски новинари.