fbpx

Турската авијација нападна позиции на ПКК

-

Турската војска соопшти дека нејзините борбени авиони гаѓале позиции на припадниците на Работничката партија на Куридстан (ПКК) откако милитантите во еден напад убија 16 турски војници.

ПКК објави дека убила 15 војници во вчерашниот напад во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Еден безбедносен извор соопшти дека се убиени 16 припадници на вооружените сили.

Две оклопни возила се оштетени со активирање експлозивни направи поставени на патот.

Два авиона, типот „Ф- 16“ и два тип „Ф-14“ гаѓале 13 мети ПКК, а воената операција продолжува „одлучно“, без разлика на лошите временски услови, наведува турската армија.

Во серијата напади од јули, па досега се убиени повеќе од 70 припадници на турските сили за безбедност и неколку стотина припадници на ПКК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...