fbpx

Ципрас подготвува реконструкција на владата

-

Грција е во исчекување на нова владина реконструкција. Грчкиот премиер Алексис Ципрас го подготвува новиот состав на владата и можно е да го објави во текот на денот или најдоцна викендов.

Иако на почетокот на неделата од кабинетот на Ципрас посочија дека реконтрукцијата не е приоритет во моментов, се чини дека грчкиот премиер поради сите проблеми со телевизиските концесии и Советот за радиодифузија одлучи да не ја одолговлекува долго најавуваната реконструкција.

Под знак прашалник е колку суштински промени ќе донесе оваа реконструкција. Првичните информации велат дека се можни мали промени и исклучување само на четворица министри. Министерството за финансии, кое е едно од најважните, веројатно нема да претрпи големи промени.

Министер за надворешни се оценува дека ќе остане Никос Коѕиас, но се шушка дека ќе бидат сменети замениците министри за надворешни работи, Никос Ксидакис, Јанис Аманатидис и Димитрис Мардас.

Грчките медиуми споменуваат дека како заменик-министер за надворешни работи можно е да дојде Марилиза Ксенојанакопулу, која беше на оваа позиција и за време на владата на Јоргос Папандреу како тогашен дел од ПАСОК. Во владата како министер за миграција најверојатно останува Јанис Музалас, чиј сектор ќе се оддели од министерството за внатрешни и ќе функционира како одделно министерство за миграција.

Надвор од владата најверојатно ќе се најде министерот за енергија Панос Скурлетис, кој важи за еден од постарите соработници на СИРИЗА, поради неговите реакции против приватизацијата на грчката компанија за електродистрибуција. Можна е смена и на министерот Никос Папас, кој е одговорен за контроверзниот закон за медиуми и за целата процедура за телевизиски концесии, а неизвесно е и останувањето на министерот за труд и социјална политика.

Според информациите, Ципрас сака да внесе нови и помлади лица, политичари на возраст од 30 до 40 години, со посвежи идеи кои ќе помогнат да се смени имиџот на владата и да се врати довербата кај народот.

Дел од министрите се очекува само да ротираат од едно во друго министерство, а извесно и дека дел од министерствата ќе се преименуваат, ќе се формираат и неколку нови кои ќе се одделат од постојните.

Реконструкцијата доаѓа во исклучително турбулентен период на политички случувања поради одлуката на Уставниот суд, владиниот закон за медиуми да се прогласи за неуставен, задавајќи ѝ голем пораз на владата, период со медиумски анкети кои прикажуваат драстично опаднат рејтинг на СИРИЗА и постојани притисоци од Нова демократија за предвремени избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...