Се зголемува бројот за жртвите во Дијарбакир

-

Осум загинати и повеќе од 100 повредени е последниот биланс од силната експлозија што се случи во јужниот турски град Дијарбакир, претежно населен од Курди, јавува весникот „Хуриет“, цитирајќи го премиерот Бинали Јилридим.

Меѓу загинатите, како што соопшти премиерот, има двајца полицајци, пет цивили и едно лице за кое постои сомневање дека е припадник на Курдската работничка партија (ПКК).

Експлозијата се случила во близина на полициска станица, на некои 200 метри од затворот во Дијарбакир. Весникот „Хуриет“ јавува дека властите им забраниле на медиумите да известуваат за експлозијата.

Според турската телевизија НТВ, експлозијата била предизвикана од автомобил бомба.

Инцидентот се случи еден час откако двајца ко-лидери на Народната демократска партија и уште 12 пратеници беа уапсени по полициските рации во Анкара и во источните области на Турција, во кои повеќето жители се Курди.

Пратениците се притворени откако „не се појавиле да сведочат во рамки на контратерористичка истрага“. Турските медиуми јавуваат дека нивното сведочење е поврзано со „терористичката пропаганда“ која ја спроведува ПКК и прокурдските протести кои станаа насилни во октомври 2014 година, за кои беше обвинет лидерот на ХДП дека ги иницирал.

Во меѓувреме, турските власти утринава го блокираа пристапот на социјалната мрежа „Твитер“, како и можноста да се користи мобилната апликција за инстант пораки „Ватсап“.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...