fbpx

„То вима“: Коѕиас доцни со идејата за регионална средба за бегалската криза

-

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, изненади минатата недела со најавата за идеја за организирање регионална средба со Македонија, Албанија и со Бугарија околу бегалската криза. Грчкиот весник „То вима“ ја оценува идејата како задоцнета реакција на сите случувања со бегалската криза, наметната со големи притисоци од премиерскиот кабинет врз Коѕиас.

„Со големо задоцнување, додека работите со бегалската криза се веќе ставени пред свршен чин на северната граница на државата, Атина се обидува да се активира за да го избегне најлошото. Никос Коѕиас, по големите притисоци од премиерскиот кабинет, од каде сметаат дека лидерството на министерството за надворешни работи е неактивно кон Балканот, се обидува да им пристапи на Албанија, БЈРМ и на Бугарија за бегалското прашање“, пишува „То вима“.

Додека од министерството сè уште ги држат затворени картите околу оваа средба со објаснување дека сè уште е во фаза на планирање, весникот пренесува дека идејата е прво да се организира трилатерална средба меѓу Грција, Албанија и Италија, а потоа, доколку таа помине успешно, да се организира и втора средба, меѓу Грција, Албанија, Македонија и Бугарија.

Наводно, Атина е загрижена поради потпишаниот меморандум за разбирање меѓу Албанија и Италија, со кој италијанската влада ќе ѝ овозможи логистичка помош на албанската влада за справување со бегалците на грчко-албанската граница во случај, поради затворањето на балканската рута, бегалскиот бран да се пренасочи преку Албанија.

Грчката замисла е на оваа потенцијална средба да се разговара околу прашања за подобра размена на информации и за соработка меѓу полициските и граничните сили на трите држави.

Поради ова, планирана е прва средба на 7 април на пониско ниво, на претставници на министерствата за внатрешни и за надворешни работи на Италија и на Албанија во Атина.

Доколку оваа средба помине успешно и се организира трилатерална Атина – Тирана – Рим, следниот чекор ќе биде организирање средба со Албанија, Македонија и со Бугарија, а потоа веројатно и уште поголема регионална средба за подобро справување и за соработка околу бегалската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...