fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

По „Пуч“, Заев комуницира преку WhatsApp и Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги користи апликациите за инстант пораки WhatsApp и Viber во одржувањето на секојдневната комуникација, а помалку мобилниот телефон. Заев, на прашање на „Мета“, дали тој и неговите колеги од опозицијата, по добивањето на материјалите од „бомбата“ се воздржуваат од користењето на мобилните телефони, вели дека „ниту помалку, ниту повеќе“ го користи телефонот, но комуникацијата најмногу му...

Заев се сретна со Хан

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски, и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска во седиштето на СДСМ се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Тема на разговорот беше актуелната политичка ситуација во Република Македонија и загрозените демократски...

„Јутјуб“ со бомбата стана најгледана ТВ во Македонија

Прес-конференцијата за вториот дел од „бомбата“, Заев реши да ја пренесе во живо, преку стрим на каналот „Јујтуб“, што во еден момент го гледаа повеќе од 10.000 луѓе. Првиот дел од „бомбата“, Заев исто така ја објави на прес-конференција, но таа не се емитуваше во живо. Откако заврши прес-конференцијата, на официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ беа објавени снимките од прислушуваните разговори, кои...

Груевски најави конкретен одговор за „бомбата“

Премиерот Никола Груевски денеска не сакаше да ги коментира наводите од снимките и обвинувањата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека токму премиерот е еден од налогодавците за прислушување на телефонски разговори меѓу министри од неговиот кабинет, политичари, новинари, и најави дека во блиска иднина ќе излезе со поконкретни коментари во врска со овие случувања. Груевски потсети на прес-конферецијата на...

Се откри стратегијата на СДСМ: „Бомбите“ ќе пукаат тематски, по линиите на ЕУ-забелешките

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ја објави втората „бомба“ со телефонски снимки, кои, според него, откриваат дека не постои правна држава и ја покажуваат спрегата меѓу извршната и судската власт. На прес-конфееренцијата беа објавени снимки од прислушување на владини функционери инволвирани во местенки во обвинителството и во судството. Првата „бомба“, според СДСМ, беше само најава за криминалните работи на...

Заев објави снимки за местење судии и пресуди и за партиски пазарења

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција ја обелодени втората „бомба“, во која преку снимени телефонски разговори посочува дека нема владеење на правото и оти судската и извршната власт воопшто не се одделени. Од разговорите може да се чуе местење судски процеси, назначување судии и  поништување судски пресуди. Во првата од петте снимки, кои денеска ги презентираше лидерот на опозицијата,...

Заев се сретна со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, и со шефот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џемјс де Вит. Главна тема на разговорите беше актуелната состојба во Република Македонија. Претседателот Заев рече дека раководството на СДСМ внимателно ќе го води процесот на објавување на „Вистината за Македонија“, имајќи...

Заев и Шекеринска се сретнаа со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска попладнево се сретнале со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел, и со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер. Како што наведуваат во соопштението од СДСМ, тема на средбата бил предизвикот пред кој се исправени граѓаните на Македонија за заштита и за остварување на...

Заев го информираше амбасадорот на Швајцарија за „бомбата“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото. На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговарло за загрозените слободи и права на граѓаните во земјата, за отсуството на правната држава, за нефункционалноста на државните институции. - Последен аргумент за тоа се само мал...

Заев: Странска служба не може да прислушува преку 20.000 граѓани

„Никој не ме контактирал. Тоа е многу чудно затоа што во најмала рака министерот за внатрешни работи мораше да излезе, ама никој не се огласува. Сега сè е јасно. Она што е како тврдење во јавноста, дебата, кој тоа ги слушал нашите граѓани, повеќе од 20.000 граѓани на оваа земја, веќе на сите им е јасно, од повеќе причини“,...

#Бомба, #ОставкаЗаТодоров, #ТикТакТикТак и #Тамара го возбудија македонскиот интернет

Значително ослабнат интернет, голем број на веб-портали што не се отвораат или за кои долго се чека да се отворат за некоја информација поврзана со „бомбата“, огромна раздвиженост на социјалните мрежи - ова се резултатите од настанот на денот, односно прес-конференцијата на Зоран Заев, која стана и настан на интернетот во поновата македонска историја. Неколку корисници на „Твитер“, меѓу кои и...

Котевски: Во МВР нема стигнато никаква пријава

Во МВР не слушнале и не знаат ништо за денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која беа изнесени снимени материјали на политичари од опозицијата и од власта, вели портпарол на МВР, Иво Котевски, за „Нова ТВ“. - Читав на агенциски вести, но не гледав и не слушав ништо бидејќи не бев поканет на прес-конференцијата - вели Котевски. Тој нагласил...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја дефокусира јавноста од реалните теми

Институциите, во рамки на своите законски и уставни надлежности, треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција на СДСМ и на лидерот на партијата, Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев, материјалите за кои тврди дека...

„Бомбата“ го успори интернетот, донесе 25 камери и „твитови“ во реално време

Социјалната мрежа „Твитер“ беше најбрзиот медиум преку кој беа пренесувани детали од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Неколку корисници на „Твитер“, меѓу кои и новинари, за време на конференцијата за медиуми „твитаа“ во реално време под хаштагот #бомба. Поголемиот дел од веб-порталите додека траеше конференцијата, беа блокирани, а интернетот во целата земја за време на пресот беше забележително забавен. Од СДСМ...

Заев: Прислушувани биле и функционери и опозиционери

Снимени разговори меѓу новинари со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, негови разговори со пријатели и со неговата ќерка, разговор меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, разговори на Али Ахмети, Мендух Тачи, Љубчо Георгиевски, Руфи Османи, објави Заев на денешната прес-конференција. Заев рече дека овие разговори се само дел од она што следува. Тој...

Заев објави прислушувани разговори на политичари, новинари, бизнисмени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конфереција обелодени дека располага со материјали за прислушување на повеќе од 20.000 граѓани. Тој, на новинарите, им ги презентираше снимките, а беа објавени разговори со новинари, како и помеѓу министри во Владата на Република Македонија. - Следен сум и прислушуван во континуитет во 300 мои разговори со сопартијци, новинари и со членови на моето...

ЛДП му даде поддршка на Заев да ги објави „бомбите“

Целосна поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да го објави материјалот за наводно криминално работење на власта, му даде Либерално-демократската партија. - Централниот одбор едногласно донесе одлука да се даде поддршка на Заев да се почне со објавувањето на материјалите што ги поседува, со кои ќе се разоткрие начинот на кој оваа власт управува и ги организира изборите во Македонија. Воедно беа...

Заев за БИРН: Ако не успее „бомбата“, ќе си заминам

Доказите и материјалите од „бомбата“ кои лидерот на опозицијата ги најавува, ќе почнат да се објавуваат во јавноста од почетокот на идната недела, вели Зоран Заев во интервју за „Балканската репортерска истражувачка мрежа“(БИРН). „Штом ќе бидат донесени одлуките, раководството на партијата очекува и неколку други партии од опозицискиот блок да донесат одлуки. Тоа би било викендов. Реално, почетокот на наредната...

Заев се сретна со функционер од Стејт департменот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд при американскиот Стејт департмент, Томас Мелиа, како и со вршителот на должноста амбасадор на САД во Македонија, Барт Путнеј. Претседателот Заев го запозна заменик-помошникот на државниот секретар Мелиа за случувањата во Република Македонија. - Аргументите и...

СДСМ: Снимката е доказ за тоа кој во Македонија снима и следи комуникации

Скандалозна е видеоснимката од кабинетот на Никола Груевски објавена во дневникот на провладината телевизија „Сител“ . Тоа е класична потврда и клучен доказ за тоа кој во Република Македонија снима и следи комуникации, велат од СДСМ. - Еве како се следи и се снима лидерот на опозицијата. Еве како се следат и се снимаат илјадници граѓани во Република Македонија. Прикажаниот видеоматеријал...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...