fbpx

„Бомбата“ го успори интернетот, донесе 25 камери и „твитови“ во реално време

-

Социјалната мрежа „Твитер“ беше најбрзиот медиум преку кој беа пренесувани детали од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Неколку корисници на „Твитер“, меѓу кои и новинари, за време на конференцијата за медиуми „твитаа“ во реално време под хаштагот #бомба.

Поголемиот дел од веб-порталите додека траеше конференцијата, беа блокирани, а интернетот во целата земја за време на пресот беше забележително забавен.

Од СДСМ неофицијално велат дека не можеле да направат стриминг од прес-конференцијата затоа што интернетот бил нестабилен.

Освен по „твитањето“ во реално време, прес-конференцијата на Заев беше „историски настан“ и поради фактот дека беа присутни новинари од речиси сите медиуми од Македонија, а беа забележани 25 камери што го снимаа претседателот на СДСМ како открива дел од „бомбата“.

„Твитање“ на новинари во реално време  беше забележано на судењето на Оскар Писториус. Судијата Дездмонд Наир забрани снимање и фотографирање додека траеше судењето, па новинарите решија целиот настан да го пренесат преку „Твитер“. Групата новинари доби огромна посетеност на „Твитер“ и во значителен број се зголемија нивните следбеници на таа социјална мрежа. Тие објавуваа детали од судењето, со што привлекоа огромна публика и можност да се развие дискусија во реално време. Новинарот на „Би-Би-Си“, Ендрју Хардинг со „твитањето“ за време судењето на Писториус доби 80.000 нови следбеници на „Твитер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...