fbpx

Заев се сретна со функционер од Стејт департменот

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд при американскиот Стејт департмент, Томас Мелиа, како и со вршителот на должноста амбасадор на САД во Македонија, Барт Путнеј.

Претседателот Заев го запозна заменик-помошникот на државниот секретар Мелиа за случувањата во Република Македонија.

– Аргументите и фактите што ги поседуваме се добиени од службите во Република Македонија, од патриоти блиски до актуелната власт, кои си ја сакаат сопствената земја. До нас се доставени затоа што не веруваат во судскиот систем, кој е под целосна контрола на власта – рече Заев. Тој додаде и дека не може да биде обид за државен удар објавувањето докази и аргументи за криминал на власта.

– И по Устав и по Закон тоа е должност на секој што добил такви докази да ги објави. Ние имаме обврска и пред граѓаните, сè што имаме да објавиме. И ќе објавиме –  рече Заев.

Легитимно и јавно соопштено барање на лидер на опозиција, за формирање техничка влада, која би обезбедила услови за спроведување фер и демократски избори, ниту е уцена ниту, пак, воопшто може да биде некаков напад врз државата, додаде Заев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.