fbpx

ДУИ: Разрешувањето на Исмаили е непринципиелно

-

Од ДУИ сметаат дека разрешување на заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, е непринципиелен чекор. Од партијата соопштуваат дека оваа одлука ја одразува кризата на легитимитет што ја има претседателот и ја засилува нивната идеја за консензуален претседател.

„За ДУИ, оваа одлука, исто како и одлуката за именување членови на Советот за национална безбедност пред неколку месеци, ја одразува кризата на легитимитет на претседателот Иванов. Многу е јасно дека разрешувањето на Мухамед Исмаили е направено единствено од политички мотиви, а не од професионални причини. Поради тоа, овој акт заслужува осуда. ДУИ, која и понатаму Иванов го смета за нелегитимен за Албанците, смета дека институцијата Претседател не смее да служи за расчистување сметки со ниедна албанска политичка сила, а уште помалку со партија која ги ужива легитимитетот и довербата на мнозинството Албанци“, пишува во реакцијата од ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...