fbpx

„Јутјуб“ со бомбата стана најгледана ТВ во Македонија

-

Прес-конференцијата за вториот дел од „бомбата“, Заев реши да ја пренесе во живо, преку стрим на каналот „Јујтуб“, што во еден момент го гледаа повеќе од 10.000 луѓе. Првиот дел од „бомбата“, Заев исто така ја објави на прес-конференција, но таа не се емитуваше во живо. Откако заврши прес-конференцијата, на официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ беа објавени снимките од прислушуваните разговори, кои достигнаа неверојатна посетеност.

Аудиозаписот од првиот дел на „бомбата“, објавен пред една недела, со сите прислушувани разговори, насловен „Слушнете кого прислушувале Груевски и Мијалков “ досега има 268.938 прегледи, а целоснота прес-конференција, насловена „Докази од мега скандал: Груевски и Мијалков прислушувале 20.000 луѓе“, има 35.174 прегледи.

Аудиозаписот од прислушуваните разговори од вториот дел на „бомбата“, насловен како „Слушнете: Местат судии, обвинители, пресуди…!“, досега има 116.875 прегледи, а самата прес-конференција – 9.215 прегледи.

Најкоментиран разговор од првиот дел на „бомбата“ беше оној помеѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, а досега има 34.166 прегледи.

Видеоснимките од тајната средба помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, поставени на „Јутјуб“, сè уште се прикачени на мрежата, иако Јавното обвинителство побара од МВР да контактира со сервисот со барање тие да бидат повлечени. Едната видеоснимка, насловена  „Вистината на виделина1“, досега има 145.337 прегледи, а втората, „Вистината на виделина2“, има 76.767 прегледи.

Од МВР, на повторното наше прашање дали добиле одговор од „Јутјуб“, велат дека „нивните служби секогаш постапуваат по барањата на Јавното обвинителство“ и нè упатија да се јавиме во видеосервисот.

Обраќањето на Никола Груевски за полициската акција „Пуч“ поставено на официјалниот канал на Владата на „Јутјуб“ има 466 прегледи. Обраќањето на премиерот беше во живо пренесено на Македонска радио-телевизија и на телевизија „Сител“.

Видеозаписот за Македонска банка, насловен „ МЕГА СКАНДАЛ: Телефонскиот разговор во кој Груевски го договорил милионскиот кеш “, во кој, според СДСМ, разговараат премиерот Никола Груевски и Јовица Стефановиќ, познат како „газда Нини“, има 97.982 прегледи.

Видеоснимка Прегледи
Слушнете кого прислушувале Груевски и Мијалков   268.938
Вистината на виделина1   145.337
Слушнете: Местат судии, обвинители, пресуди…!   116.875
МЕГА СКАНДАЛ: Телефонскиот разговор во кој Груевски го договорил милионскиот кеш     97.982
Вистината на виделина2     76.767
Докази од мега скандал:Груевски и Мијалков прислушувале 20.000 луѓе     35.174
Прислушувани Ставрески и Јанкулоска     34.166
Нови скандалозни докази: Упад на Груевски во судството       9.215
Обраќање на Никола Груевски за полициската акција „Пуч“          466

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...